Platinum
Vaya i-Size












- Безбедна положба свртено кон назад
- Со цел максимална безбедност, се препорачува Vaya i-Size да биде наместено во положба свртено кон назад, што е можно подолг период, до 4 годишна возраст. Иновативниот дизајн им овозможува на поголемите деца удобно возење, со доволен простор за нозете. Од 76 цм (приближно 16 месеци), Vaya i-Size може да се употребува и свртено кон напред.
- 360° Ротација
- 360° ротацијата овозможува лесно влегување и излегување од автомобилот. Седиштето може да се сврти да гледа кон вратата.
- Контрола на Правец на Возење
- Контролата на Правецот на Возење спречува децата под 16 месеци и висина од 76 цм да се возат свртени кон напред.
- ER-Технологија
- ER-Технологијата (Energy Reduction-Technology) ја намалува силата на ударот на вратот при фронтален судар. Таа се активира кога силата го достигнува врвот при фронталниот судар и наслонот за глава прогресивно се спушта надолу, лимитирајќи ја изложеноста на вратот на силата од ударот, и се заклучува во таа позиција.
- Интегрирана Линеарна Заштита од Страничен Удар
- Било да е свртено кон напред или кон назад, интегрираната линеарна заштита од страничен удар (L.S.P. System), го зголемува нивото на безбедност во случај на страничен судар.
- Школка со моќ на апсорбција на енергијата
- Ја апсорбира силата на ударот и го заштитува бебето.
- ISOFIX инсталација на еден клик
- ISOFIX инсталацијата на еден клик го прави седиштето лесно за поставување. Грешна инсталација е скоро невозможна.
- Спуштање со една рака
- Спуштањето со една рака нуди максимален комфор на бебето кога заспива во седиштето. Кога е свртено кон назад има 5 позиции на спуштање, кон напред 3 позиции.
- Прилагодлив наслон за глава во 12-позиции
- Прилагодлив наслон за глава во 12-позиции со интегрирани насочувачи на појас - заштита која расте со детето.
- Магнетни држачи
- Закопчувањето на детето е лесно. Нема веќе барање на рементите, тие стојат на дофат на рака, прицврстени за магнетот.
Сѐ во едно
Vaya i-Size нов транспоретер од gb Platinum колекцијата. Претставува совршен спој на чист ‘future perfect’ дизајн, најнова технологија на безбедност и бројни функции за лесно манипулирање. Неговиот 360° ротирачки механизам овозможува лесно вртење од предна кон задна положба и е погоден за деца до 105 цм (приближно 4 години),


