Потпис на новиот дизајнерски идентитет

Бунтовнички погледи

Од визија до револуционерен дизајн во иновацијата и функционалноста, новиот gb platinum бренд е поразличен од сѐ што сме виделе досега. Наградуваното студио од Прага, Koncern Design Studio, значително придонесе кон овој нов дизајнерски јазик, создавајќи нов »урбан луксуз«.

Основачот на CYBEX, Martin Pos седна со Jiří Přibyl и Martin Imrich, основачите на Koncern Design Studio, и го споија нивното познавање од областа на индустрискиот дизајн. Три креативни ума со јасна визија: да развијат нов дизајнерски јазик за родителите со големи очекувања од естетика и квалитет. Martin Pos вели: » Пристапот кој го имавме кога ја дефиниравме дизајнерската ДНА на CYBEX, беше да најдеме инспирација од дизајнерските елементи од минатото и да ги реинтерпретираме во концепт на денешницата. Со новиот gb Platinum бренд го правиме спротивното: ја носиме иднината во сегашноста«. Неговата цел беше да создаде дизајнерски јазик инспириран од модерниот, иконски хај-тек дизајн кој симултано ќе има пријателски, елегантен и интуитивен изглед со голема посветеност кон секој детал. Со ова на ум, Jiří Přibyl и Martin Imrich започнаа да креираат за веќе присутната иднина. Двајцата дизајнери, кои претходно креираа извонреден дизајн во автомобилската индустрија, индустријата за мебел и стакло, не се плашеа да ги преиспитаат класичните правила на индустрискиот дизајн, како на пример »Form follows Function« на Американскиот архитект Louis Sullivan кој вели дека формата секогаш треба да ја следи функцијата и да и се потчини.

Од идеја до икона

Дизајнот и естетиката се центар на дизајнерското дуа, без притоа да се прави компромис за комфорот, функционалноста и квалитетот. Ова беше вистинскиот предизвик за gb Platinum и појдовна точка за новата дизајнерска ДНА: да се креира функционален производ кои ги задоволува и модните потреби на современите родители, како нивен стилски израз.

Future perfect - хај-тек споен со дизајн и мода

»Во дизајнот го ставаме Алуминиумот како акцентен елемент, во комбинација со меки црти и топли антрацитни бои« вели дизајнерското дуо. Резултат: gb Platinum, бренд кој ги комбинира најдобрите технологии, и модерниот индустриски дизајн со модата. Иконски и револуционерен. Добро осмислен и детален дизајн. Иконскиот и скоро архитетски дизајн не е наменет да биде мејнстрим туку како израз на субтилната индивидуалност: самоувереното - малку е повеќе. gb Platinum е мултикултурен и глобален бренд без ограничувања.

симбиозата

Уметноста на

Совршена фузија на функционалност, индустриски дизајн и Haute Couture. Огромна пасија за уметноста и деталите. Совршеноста се постигнува кога овие три идеи ќе се спојат до најмал детал. Тоа се »формата, функцијата и дизајнот«. Следејќи го слоганот »Future Perfect«, gb е посветен во креирање на производи кои ги имаат сите овие елементи, до најмал детал. Дизајн со нежни контури, леснотија, иконски елементи - само најдоброто решение е доволно добро.

Господари на занаетот

Иднината на елеганцијата

Под слоганот »future perfect«, gb platinum брендот дизајнира идеална иднина. Целта е едноставна: интеграција на совршениот дизајн во животниот стил на интеркултуралните боеми кои имаат афинитет кон модата и го живеат животот под мотото: сега е моментот!

Говориме за живот со пасија, живот кој не се врзува со носталгичните спомени туку ја гледа иднината со оптимизам и љубопитност. Се запрашуваме „Како можеме да влијаеме на квалитетот на нашиот живот со помош на предметите со кои сме опкружени?“ При потрагата по иконски предмети кои ќе станат дел од нашиот приватен и професионален живот, gb Platinum брендот нуди дизајнерски решенија со модернистички карактеристики, елеганција, технологија и беспрекорен квалитет, дефиниција на цела една генерација: топли тонови со чиста смарт-технологија линија. Во нашиот свет, нема место за досадни шеми и стилови - естетиката и функционалноста се на исто ниво. Интелигентниот минимализам е заповед. Формите на модерниот дизајн, врамени со ласерски сечена алуминиумска површина, соодветствуваат на убавината присутна во секоја соба, без да дадат чувство на натрупаност.

Формата

„Создавајќи слика за телото, рефлектирајќи ја атмосферата на живеење“

Во прагматичниот пристап на врската помеѓу формата и функцијата, најважни се емоционално дизајнираните предмети. Ние сме во центарот на оваа врска и се гледаме себе си, не само како потрошувачи кои додаваат акцесоари за да се издвојат од толпата, туку како креатори на околина која веродостојно ја интерпретира нашата личност. Модата, повеќе од било која друга уметност, брзо се адаптира на технолошкиот напредок, а индивидуалноста и идентитетот се водечки сили на дизајнерите. Модата, заедно со архитектурата и технологијата, има моќ да прикаже абстракција и иновација, и стана една од главните инспирации на gb Platinum брендот. Дистанцирањето на формата од функцијата е главниот интерес на дизајнерот Hussein Chalayan. Тој секогаш стоел зад неговата уметност како дисциплина која ја става комуникативната функција на прво место, гледајќи ја модата како многу повеќе од китење на оној кој ја практикува. Ова го постигнува со истражување на врската меѓу индивидуата и неговото опкружување. „Работиме на креирање на слика за човекот, креирање на слика за телото, и рефлектирање на атмосферата во која живееме“, говори во интервју за магазинот »1Granary« . Неговата модна колекција »One Hundred Eleven« (2007) беше револуција во испитувањето на формата. Issey Miyake е уште еден дизајнер чија концептуална мода, иако користи во помала мера технологија, си игра со интригантни облици и променливи површини. Тој експериментира со необични материјали како пластика, хартија, цевки за да го стави фокусот на тоа, како телото се менува со аутфитот.

Површина

„Сонот за материјалите и природата се придвижи кон напред со помош на технологијата“

Холандската авангардна дизајнерка Iris van Herpen се дистанцира од едноставниот експеримент со формата и обликот со цел да се фокусира кон површината: „Мислам дека структурите се многу поинтересни на допир отколку површински. Лично јас, сакам повеќе да носам нешто што ќе ги разбуди моите тактилни сетила“, вели во серијата интервјуа под наслов »Talking Fashion«.

Функција

“Револуција во спојот на модата со технологијата“

Неможеме да порекнеме дека дигитализацијата прави револуција во модната индустрија, наведувајќи нѐ да се запрашаме за естетските и практичните правила. Еден од најголемите предизвици на денешницата е спојот на модата со иновативноста во технологијата, со цел да се подготвиме за пазарот на иднината. „Трендот на фузија на технологијата и модата е се повеќе очигледен и возбудлив„, вели Anita Tillmann, сопственик и директор на модните саеми PREMIUM и SEEK, на FashionTech - Конференцијата. Таа предвидува дека: „ Овој тренд ќе направи револуција во индустријата и ќе ја редефинира“.

Користиме cookies за подобар преглед на сајтот. Со користење на нашите услуги, се согласувате на употребата на cookies. Повеќе информации