Безбедноста е најважна

gb ги комбинира највисоките безбедносни и дизајнерски стандарди со пионерската функционалност. Безбедноста и комфорот на Вашите деца се наш најголем приоритет. Истовремено, интуитивните функции ги прават нашите производи лесни за употреба. Развивани од водечки инжињери, нашите седишта за во автомобил редовно се тестираат како во секојдневниот живот така и во симулирани околности.

Isofix

gb користи Isofix бидејќи е едноставен за употреба при инсталирање на седиштето во автомобилот. Докажано е дека ја зголемува безбедноста и стабилноста на седиштето.

Заштита од страничен удар

Линеарната Заштита од Страничен Удар (Linear Side-impact Protection, L.S.P. System) ја трансферира силата од страничниот удар низ протекторите. Флексиблните материјали и структурата на седиштето потоа, ја намалуваат силата на ударот и ја канализираат подалеку од бебето.

Прилагодлив наслон за глава во висина

Во однос на безбедноста и комфорот, Artio е опремен со висински прилагодлив наслон за глава и со интегриран насочувач на појас. како што го прилагодувате наслонот за глава, симултано се прилагодува должината на појасот и аголот на седење.

XXL стреа за сонце

Интегрираната XXL стреа за сонце во Artio е во согласност со строгите стандарди за заштита од сонце во Австралија. Има UVP50+ заштита. Кога не се користи, елегантно исчезнува зад визорот.

Користиме cookies за подобар преглед на сајтот. Со користење на нашите услуги, се согласувате на употребата на cookies. Повеќе информации